Почина Јове Магдески, легендата на прилепска Победа

November 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Почина Јове Магдески, легендата на прилепска Победа

Победа објави дека на 71-годишна возраст починал Јове Магдески, еден од најистакнатите играчи на прилепска Победа. Веста ја потврди неговиот клуб. „ФК „Победа“ и прилепската публика засекогаш ќе го паметат бројот 8 како симбол на неговата величина. Пасовите на Јове „имаа очи“, а неговите слободни удари беа „половина гол“. Беше дел од најдобрата генерација на клубот, оставајќи трајна инспирација за сите идни генераци“, напиша прилепска Победа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.