November 2, 2024 | | Свет
Според информациите на „Relevo“, претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез е разочаран од тоа како Анчелоти го води клубот и почнал да го губи трпението со него. Тој имал разговор со Италијанецот и побарал итно да се подобрат настапите на тимот. Перез најмногу е разочаран од настапот на натпреварите со Лил и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Со играчите кои ги има на располагање каде овде се вбројуваат Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Родриго, Флорентино смета дека Реал треба да игра многу подобро. Замерка има и за малата минутажа на Ендрик и Ѓулер. Исто така, Камавинга да игра пред Чуамени. Се зголемуваат шансите на крајот од сезоната Анчелоти да биде заменет со Чаби Алонсо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |