ПМФЛ: Пелистер против Вардар под рефлектори во Битола, Работнички ја дочекува Шкендија

November 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

ПМФЛ: Пелистер против Вардар под рефлектори во Битола, Работнички ја дочекува Шкендија

Денеска ќе биде одиграно 13. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а целото внимание ќе биде вперено кон вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар. Натпреварот ќе биде одигран во 19 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Билетите се распродадени уште вчера, а дополнителна поддршка на Вардарци ќе им дадат „Комитите“. Пелистер нема пораз на последните четири натпревари, немаат ниту победа, натпреварите ги завршуваат со реми, имаат дури седум нерешени резултати во изминатите 12 кола, две победи и само три порази. Вардар има две победи, но дури осум порази. Воедно, Работнички во Скопје ќе ја пречекува Шкендија, Шкупи ќе биде домаќин на Гостивар, Брера ќе се соочи со Силекс, Воска ќе се сретне со Тиквеш, а актуелниот шампион Струга гостува кај Беса. Сите други дуели освен дербито помеѓу Пелистер и Вардар започнуваат во 13 часот. ПМФЛ 13. коло: Пелистер – Вардар Работнички – Шкендија Шкупи – Гостивар Брера – Силекс Воска – Тиквеш Беса – Струга Табела: Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.