Анчелоти му објасни на младата ѕвезда зошто не игра

November 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти му објасни на младата ѕвезда зошто не игра

Арда Ѓулер се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Летово тој направи трансфер во Реал Мадрид, но засега неговата кариера во Шпанија не оди во добра насока поради малата минутажа. Според информациите на медиумте во Турција, наводно Карло Анчелоти разговарал со Ѓулер и му објаснил зошто не игра. „Анчелоти на Арда му ги соопштил причините поради кои не игра често. Прво, затоа што факт е дека Реал има голем број на играчи во средиот ред, а второ, тренерот е незадоволен од дефанзивниот пристап на Ѓулер за време на тренинзите“, наведуваат турските медиуми. „Арда Ѓулер ќе ја добие својата шанса, само треба да биде трпелив“, изјави Карло Анчелоти пред неколку месеци. Фенербахче е спремен веднаш да го врати Арда. Турчинот би можел да му помогне на Мурињо во борбата за титулата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.