ВИДЕО: Роналдо постигна два гола против Ирска, спремен е за ЕП

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ВИДЕО: Роналдо постигна два гола против Ирска, спремен е за ЕП

На последниот контролен натпревар на Португалија пред Европското првенство, совладана беше Ирска со 3-0 каде Роналди постигна два гола. Жоао Феликс го постигна првиот гол во 18. минута. Тој го искористи додавањето на Бруно Фернандеш и погоди за 1:0, што беше и резултат на првото полувреме. Пет минути од второто полувреме на сцена стапи Роналдо. Тој доби долг пас од средината на теренот на работ од шеснаесетникот и со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол. Десет минути подоцна Роналдо го постигна и вториот гол. Диого Жота, се бореше за посед лево, нафрли ниско за Роналдо, кој ја додаде топката во мрежата. Португалија е во група со Чешка, Турција и Грузија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.