ВАР го спаси Интер во 98. минута против Венеција! (ВИДЕО)

November 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ВАР го спаси Интер во 98. минута против Венеција! (ВИДЕО)

Потешко од очекуваното, Интер успеа да ја совлада Венеција со минимални 1-0 со голот на Лаутаро Мартинез. Гостите постигнаа гол во 98. минута, но истиот беше поништен. Топката падна врз раката на Шверко која беше потпрена на рамото на Бисек. Домаќините создадоа шанси преку Маркус Турам и Хенрик Михтарјан, а на спротивната страна, најголемата закана ја донесе Ористанио. Со оваа победа Интер се доближи само на еден бод до Наполи кој доживеа тежок пораз од 3-0 против Аталанта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.