Лоша вест за Артета: Заминува човекот кој му беше најголем соработник!

November 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лоша вест за Артета: Заминува човекот кој му беше најголем соработник!

Арсенал во моментов се наоѓа во лоша форма каде со нетрпение сите во клубот го чекаат Одегард да се врати бидејќи без него во тимот нема креативност. Освен лошите резултати, стигна уште една лоша вест за Артета. Имено, спортскиот директор Еду решил да го напушти Арсенал после пет години работа во клубот, пренесе „Daily Mail“. Тој беше најголемата поддршка на Артета во клубот и заедно работеа за да направат тим кој ќе се бори за трофеи. Еду наводно добил голема понуда од групацијата на Евангелос Маринакис која води клубови како Нотингем Форест, Олимпијакос и Рио Аве.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.