Фрапантна понуда: Саудијците му нудат милијарда по сезона на Винисиус?!

November 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фрапантна понуда: Саудијците му нудат милијарда по сезона на Винисиус?!

Додека Реал Мадрид инсистира на нов договор на Винисиус Жуниор, од друга страна Бразилецот можат да го предомислат тешките милијарди од Саудиска Арабија. Според информациите на „Goal“, Ал Ахли подготвува понуда вредна една милијарда евра во која е вклучена платата на играчот и обештетувањето за Реал. „Foot Mercato“ пренесе пак дека Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона. Крилниот напаѓач воедно би бил консултиран и за спортската политика во новиот клуб. Винисиус ќе биде и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 година би требало да се одржи во Саудиска Арабија. Ваквиот трансфер дефинитивно би ги поместил границите во фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.