Гарначо згреши дриблајќи, Касемиро веднаш збесна! (ВИДЕО)

November 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гарначо згреши дриблајќи, Касемиро веднаш збесна! (ВИДЕО)

Во дуелот со Челси, Алехандро Гарначо во еден момент претера со дриблањето со што даде погрешен пас, грешка од која гостите можеа да постигнат гол. Аргентинецот не се врати да помогне во одбраната и остави на соиграчите да се справат со ситуацијата. Во таа акција Касемиро спречи Челси да креира посериозна шанса и направи прекршок. Откако стана од земја, Бразилецот почна да му вика на крилниот напаѓач за неговата пасивност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.