Ширер: Ме разочара Арсенал, само еден тим е фаворит за ПЛ!

November 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ширер: Ме разочара Арсенал, само еден тим е фаворит за ПЛ!

Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер лигата, а се очекува цела сезона да се борат заедно со Манчестер Сити и Арсенал. Иако Јирген Клоп замина од Ливерпул, сепак Арне Слот засега добро се снаоѓа и тимот има одлични резултати. Зборувајќи за тоа кој тим е главен фаворит за титулата, легендата Ален Ширер рече дека Ливерпул ќе продолжи да се бори, но дека сепак Манчестер Сити повторно ќе успее да го одбрани пехарот. „Јас би кажал дека Манчестер Сити е фаворит, но е блиску. Ливерпул е многу подобар отколку што мислев дека ќе биде. Не мислев дека ќе бидат кандидати, но се, нема сомнеж за тоа. Мислам дека нема да „исчезнат“ така лесно. Разочаран сум од Арсенал на кого типував пред стартот на кампањата. Сè уште би рекол дека Манчестер Сити е само фаворит затоа што се многу блиску“, рече Ширер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.