Официјално: Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар!

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Официјално: Гоце Седлоски е нов тренер на Вардар!

По седум години, Гоце Седлоски се враќа на клупата на Вардар. Тој ќе биде четвртиот тренер сезонава на Вардар. Претходно клубот го водеа Гораз Михаилов, Горан Петревски и Срѓан Захариевски, но неопходно е веднаш да се реагира бидејќи Вардар се наоѓа на последното место Првата лига. Седлоски го водеше клубот од 2015 до 2017 година, а беше и спортски директор. Во својата кариера тој имал тренерски ангажмани во Хоризонт Турново, Вардар, Рига, Шкупи, Работнички и други екипи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.