Гвардиола: Малку фали да ја достигнеме НБА лигата

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Малку фали да ја достигнеме НБА лигата

Пеп Гвардиола е едно од многуте имиња во фудбалскиот свет кое зборува за густиот распоред кој го имаат фудбалерите. Фудбалерите се жалат дека играат премногу натпревари, шансите за сериозни повреди се зголемуваат, а со тоа опаѓа и квалитетот на овој спорт. „Мислам дека е крајно време да застанеме и да размислиме што правиме. Играме неверојатен број натпревари, уште малку ќе го достигнеме распоредот од НБА лигата. Мораме да мислиме на играчите и на нивното здравје. Некој ќе рече дека тие заработуваат милиони и мора да страдаат, но јас сум категоричен противник на оваа теза“, рече Пеп. Ваквата изјава Пеп ја даде по првиот пораз во Премиер лигата сезонава на неговиот тим каде претрпеа пораз од Бормут со 2-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.