Артуро Видал обвинет за силување

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Артуро Видал обвинет за силување

Некогашниот играч на Барса, Баерн и Интер Артуро Видал и неговите соиграчи од клубот Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена. Наводно, нападот се случил за време на забава, соопштија од канцеларијата на државниот обвинител во Сантјаго. Засега, никој не е приведен, а освен името на Видал, другите имиња не се познати. Според информациите, настанот се случил во раните утрински часови во понеделник во ноќен клуб во Сантјаго, каде што група фудбалери од Коло Коло биле на забава. Жената која била силувана тврдела дека била дрогирана во бар во квартот Вита Кура во Сантјаго. Видал е убедливо еден од најдобрите играчи во историјата на Чиле каде за селекцијата одигра 142 натпревари и постигна 42 гола. Со репрезентацијата двапати ја освои Копа Америка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.