Српскиот „Меси“: Ќе докажам дека сум подобар од Ламин Јамал

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Српскиот „Меси“: Ќе докажам дека сум подобар од Ламин Јамал

Барселона ќе гостува кај Црвена Звезда во рамките на 4. коло од Лигата на Шампионите. На денешната прес-конференција, играчот кој од редовите на домаќините зборуваше пред натпреварот беше талентираниот Андрија Максимовиќ кој во последно време добива огромно внимание од српската јавност. Тој очигледно е полн со самодоверба, па пред натпреварот реши да даде една интересна изјава. „Играв против Јамал на Европското првенство, се работи за одличен фудбалер, а тоа важи и за Кубарси. Тие се моја генерација, па утре ќе излезам на терен и сакам да покажам дека сум подобар фудбалер од Јамал“, изјавил младиот талент. Тој зборуваше и за тоа како го добил прекарот „Меси“. „Прекарот ме следи од дете и најмногу поради мојата фризура. Сакам да оставам печат во Црвена Звезда, но и да бидам запаметен како Андрија Максимовиќ, а не како Меси“, рекол Максимовиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.