Тен Хаг не го сакал напаѓачот поради вишок килограми, но сепак дојде во Јунајтед

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг не го сакал напаѓачот поради вишок килограми, но сепак дојде во Јунајтед

Ерик Тен Хаг неславно ја заврши својата кариера во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ сега се спремни да свртат нова страница со Рубен Аморим кој ќе седне на клупата од 11. ноември. Последната информација на англискиот таблоид „The Sun“ покажува дека за одредени засилувања немало тотален консензус во клубот. Имено, Холанѓанецот бил против трансфер на Џошуа Зиркзе, иако прво тој го посакуваше во својот тим. Замерката на Тен Хаг биле вишокот килограми кај напаѓачот кои биле детектирани во текот на летото. Иако на моменти покажува квалитет, засега Зиркзе не може да се вклопи со темпото кое е наметнато во Премиер лигата, за разлика од темпото кое претходно го доживеа тој во Серија А играјќи за Болоња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.