Суперкомпјутерот прогнозира: Барса и Реал нема да завршат во топ 5 на табелата во ЛШ!

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперкомпјутерот прогнозира: Барса и Реал нема да завршат во топ 5 на табелата во ЛШ!

Од оваа сезона за прв пат наместо групна фаза, во Лигата на шампионите се игра по принципот на лигашка табела во која секој тим игра осум натпревари, четири дома и четири во гости. Првопласираните осум ќе обезбедат место во осминафиналето, додека екипите кои ќе бидат од деветото до 24 место ќе играат плејоф за влез во осминафиналето. Тие од 25 позиција до последното 36 место ќе го завршат настапот во Лигата на шампиони и дури нема да заиграат ниту во Лига Европа. Според суперкомпјутерот на „Football Meets Data“, Барселона и Реал Мадрид нема да завршат во првите топ 5 тима на оваа табела со тоа според прогнозата, тимот од Мадрид нема да биде ниту во првите 8, туку ќе заврши на 9. место. Според ваквата анализа, прв ќе биде Ливерпул, втор Манчестер Сити, потоа Астон Вила, Интер, Арсенал, Дортмунд, Леверкузен, Барселона, па потоа Реал Мадрид. Интересна е прогнозата и дека Баерн Минхен би завршил на 12. место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.