November 5, 2024 | | Свет
Манчестер Сити претрпе тежок пораз од Спортинг Лисабон и тоа од тимот на идниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим. Акутелниот првак во Англија изгуби со дури 4-1. Фил Фоден го доведе Сити во водство во четвртата минута, но потоа Виктор Ѓокереш постигна хет-трик, а погоди и Арауго за убедлива победа на Спортинг. Во редовите на Манчестер Сити, Халанд промаши и пенал во 69. минута при резултат 3-1. Да го постигнеше тој гол, можеби натпреварот ќе се одвиваше во друга насока. Во дуелот на Ливерпул и Леверкузен, бевме сведоци на незабавно прво полувреме, но и шоу на домаќините во второто. Луис Дијаз го отвори резултатот во 61.минута, а две минути подоцна стрелаше и Коди Гакпо. До крајот на натпреварот, Луис Дијаз комплетираше хет-трик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |