За Артета криви се судиите: Бевме оштетени!

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За Артета криви се судиите: Бевме оштетени!

Артета го изрази своето незадоволство по поразот на неговиот тим против Интер со 1-0. Ја пофали играта на својот тим, зборуваше и за промашените шанси, но и за одлуките на судијата. „Горд сум на моите играчи и нивото на доминација што го покажаа. Бевме оштетени и мислам дека тоа е очигледно. Станува збор за двата пенали. Ако сакате да му доделите пенал на Интер, мора да доделите и друг. Ако едното беше пенал, двете беа пенал. Особено ако се досуди играта со рака на Мерино, тогаш другата стуација е 100% пенал. Мерино не можеше да направи ништо за да ја избегне топката. Можевме да постигнеме најмалку два гола. Одлуките ја направија разликата. По овој меч ни следи дуелот со Челзи, верувам дека ќе победиме“, рече Артета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.