November 7, 2024 | | Свет
Астон Вила го доживеа првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите и тоа против Клуб Бриж со минимално 1-0. Единствениот гол падна од пенал, истиот го направи Тајрон Мингс и тоа на каков начин. Ваквиот момент го коментираше и тренерот Унаи Емери кој изјави дека грешката е многу чудна и нема видено такво нешто. „Неговата грешка е многу чудна. Тоа е најголемата грешка што ја имам видено во кариерата. Ова ми се случило само еднаш во животот, и тоа е сега“, рече Емери. Моментот се случи во 51. минута кога голманот Емилијано Мартинез ја изведе топката од голаут и ја додаде кон Тирон Мингс. Во тој момент стоперот наместо да продолжи да игра, ја фати топката со раце и сакаше повторно да изведе голаут. Судијата Тобијас Стилер го забележа тоа и веднаш досуди пенал. Мингс беше повлечен од игра 15 минути по овој голем кикс.
Tyrone Mings has to be trolling. Wtf was he doing pic.twitter.com/LPLMgPT0yT
— Lukey SZN 🚀 (@LukeConnerton) November 6, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |