Педри откри какви казни имало кај Чави, а какви сега кај Флик

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Педри откри какви казни имало кај Чави, а какви сега кај Флик

Барселона засега игра фуриозно под водство на Флик. Иако клубот не направи многу трансфери каде само Дани Олмо беше звучно засилување, германскиот тренер засега одлично управува со составот кој го има. Во една емисија Педри беше запрашан за тоа која е разликата помеѓу овие двајца тренери. Тој рече дека двајцата имале различни пристапи кога станува збор за доцнењето на играчите, без разлика дали станува збор за натпревар или за тренинг. „Кај Флик, доколку доцните, не играте. Јас секогаш доаѓам 10 минути порано бидеќи мразам кога не играм. Таква казна веќе доби Кунде кој задоцни пред натпреварот, па против Алавес седеше на клупата. Чави имаше поинаков пристап, користеше парични казни и сумите почнуваа од 5.000 евра. Секој нареден прекршок ја дуплираше казната, па следната казна изнесуваше 10.000 евра, па таа потоа 20.000 евра“, изјави Педри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.