Шок за Меси и Интер Мајами: Елиминирани се во плеј-офот на МЛС лигата (ВИДЕО)

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шок за Меси и Интер Мајами: Елиминирани се во плеј-офот на МЛС лигата (ВИДЕО)

Интер Мајами претрпе пораз од Атланта Јунајтед во третиот натпревар од плеј-оф серијата на МЛС лигата со 3:2. Домаќините поведоа во 17 минута преку Матиас Рохас, но Атланта возврати и за четири минути направи целосен пресврт. Џамал ​​Тијаре најпрвин израмни во 19 минута, а потоа две минути подоцна уште еднаш го совлада голманот на Интер и го доведе својот тим до сензација. Лионел Меси, во 65 минута му даде надеж на Интер Мајами, кој израмни на 2:2, но 11 минути подоцна Атланта постигна нов гол и се пласираше понатаму. Против деветтиот тим на Истокот имаше водство од 1:0 во серијата која се играше на две победи, но тоа не му беше доволно, да се пласира во конференциското полуфинале. Атланта во полуфиналето на конференцијата ќе ги одмери силите со Орландо сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.