ВЛ: Македонија ЃП славеше во Велес, Брегалница дојде до триумф со гол во 91. минута

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

ВЛ: Македонија ЃП славеше во Велес, Брегалница дојде до триумф со гол во 91. минута

Македонија Ѓорче Петров го зачува лидерското место со денешниот триумф против Борец во Велес со 2:0 и двоен стрелец беше напаѓачот Симеон Христов. Брегалница направи пресврт со гол во 91. минута против Арсими. Шефит Шефити го доведе Арсими во водство со прекрасен гол, но израмни Зоран Даноски во 83.минута, а Давид Калпачки го постигна победничкиот гол во 91. минута. Резултати - 12. коло, Втора лига: Борец – Македонија ЃП 0-2 Брегалница – Арсими 2-1 Детонит Плачковица – Беласица 2-1 Скопје – Башкими 2-1 Кожув – Охрид 0-0 Осогово – Победа 4-1 Вардар Неготино – Каменица Саса 0-1 Вардарски – Новаци 0-2 Македонија ЃП е лидер со 29 бодови, следува Брегалница со 27, Башкими има 26, а четврти е Арсими со 23 бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.