Победа на Јунајтед и овации за легендарниот Ван Нистелрој! (ВИДЕО)

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Победа на Јунајтед и овации за легендарниот Ван Нистелрој! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Лестер со 3:0 во натпревар кој беше последен за Ван Нистелрој како привремен тренер на клубот. Бруно Фернандеш во 17. минута го отвори резултатот, додека Кристиансен со автогол го зголеми водството на „црвените ѓаволи“. Третиот гол за триумф на Јунајтед беше дело на Гарначо во 82. минута од натпреварот. По завршувањето на натпреварот, Ван Нистелрој беше со овации поздравен од присутните на „Олд Трафорд“. Тој е спремен да остане во клубот како асистент ако тоа биде побарано од него, но тоа допрва ќе биде познато.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.