Втор пораз на Барселона во Ла Лига, се сопнаа без Јамал кај Реал Сосиедад! (ВИДЕО)

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Втор пораз на Барселона во Ла Лига, се сопнаа без Јамал кај Реал Сосиедад! (ВИДЕО)

Барселона одигра очаен натпревар денеска на гостувањето кај Реал Сосиедад и претрпе пораз со 1:0, а човекот кој го реши натпреварот беше Бекер во 33. минута. Гостите солидно го почнаа натпреварот каде постигнаа и гол во 13. минута, но истиот беше поништен поради офсајд. Во однос на поништениот гол на Левандовски, се чини дека е неоправдано поништен бидејќи се остава впечаток дека ногата која е прикажана всушност е на дефанзивецот на домаќините. Во вториот дел Каталонците играа уште послабо полувреме, па се сопнаа пред репрезентативната пауза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.