June 12, 2024 | | Свет
На вчерашниот натпревар на Португалија со Ирска, Роналдо постигна два гола во победата од 3:0 каде одиграа контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство. Со своите 39 години покажа дека сеуште поседува квалитет за да и помогне на селекцијата. „Реализирањето на голови е секогаш убаво и се трудам да уживам во тоа. Знам дека немам уште многу години во фудбалот. А како што велат во Шпанија, секоја година е подарок. Головите се во мојата ДНК. Најважно е да се посветите на својата работа. Мојата љубов кон репрезентацијата е доживотна. Важно е да си физички и психички здрав за да му помогнеш на тимот, изјави Роналдо за „СпортТВ“. Моментално игра во Ал-Наср, а за Португалија има вкупно 207 настапи на кои постигна 130 голови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |