November 11, 2024 | | Македонија
Вардар побара смена на Миле Ристевски, комесар за делегирање судии, но и итно воведување на ВАР-технологијата. „Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетн во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона“, соопшти Вардар. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб моментално се наоѓа на претпоследната позиција со 11 бодови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |