Младиот талент на Реал е обвинет за ширење детска порногорафија

November 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Младиот талент на Реал е обвинет за ширење детска порногорафија

Раул Асенсио викендов дебитираше за Реал Мадрид во победата над Осасуна со 4:0 и во истиот тој дуел го замени Милитао за кого повредата е завршена поради скинати вкрстени лигаменти. Асенсио во исто време е еден од четворицата млади фудбалери на Реал Мадрид кои минатата година беа обвинети за ширење детска порнографија. Тие снимиле секс со малолетнички без нивна дозвола. За ваквата информација потсети новинарот Фонси Лоаиза. „Неговото име е Раул Асенсио и тој е еден од фудбалерите од подмладокот на Реал Мадрид кој е под истрага за ширење на секс снимки со малолетничка. Сега дебитираше за првиот тим. Една од жртвите чувствува дека поминаа неказнето и дека клубот ги штити. Медиумите молчат“, напиша новинарот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.