November 11, 2024 | | Свет
Руд Ван Нистелрој нема да биде дел од тимот на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим и ќе го напушти клубот. Аморим разговараше со Ван Нистелрој и донесе одлука Холанѓанецот да не биде дел од неговиот стручен тим. Португалецот го почитува Ван Нистелрој, но сака да работи со неговиот стручен тим кој го донесе. „Манчестер Јунајтед може да потврди дека Руд ван Нистелрој го напушти клубот. Руд повторно се приклучи летото и го презеде тимот во последните четири натпревари како привремен тренер. Руд е и секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед. Благодарни сме за неговиот придонес и за начинот на кој тој и пристапуваше на својата улога во текот на неговиот престој во клубот. Тој секогаш ќе биде многу добредојден на „Олд Трафорд“, стои во соопштението на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |