Барди исфрлен од првиот тим на Трабзонспор!

November 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барди исфрлен од првиот тим на Трабзонспор!

Енис Барди доби ужасни вести од неговиот клуб Трабзонспор, а тоа е дека е исфрлен од првиот тим. Тој во моментов се наоѓа на подготовки со македонската репрезентација пред претстојните дуели против Летонија и Фарски Острови. Периодов со уште тројца фудбалери кои исто така се исфрлени ке тренираат одвоено. Како што е наведено во соопштението од клубот, причините се во насока на подобрување на нивните индивидуални перформанси. „Како резултат на денешниот состанок меѓу претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкас и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е нашите фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено за да ги подобрат своите перформанси“, наведоа од Трабзонспор. Според турскиот портал „Fotospor“, Трабзонспор во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Барди, Мислав Оршиќ и Борна Баришиќ. Тој сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.