Родри: Винисиус не ми честиташе, но не ми е гајле

November 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри: Винисиус не ми честиташе, но не ми е гајле

Играчот на Манчестер Сити Родри кој е освојувач на „Златната топка“ откако го совлада Винисиус, изјави дека Бразилецот не му честитал за наградата. „Винисиус не ми се јави, но не можам да кажам дека ми е жал. Ми е важно мислењето на моите блиски, семејството и клубот. Никогаш не би направил тоа што го направи Реал со избегнување на свеченоста, но не сакам да зборувам за тоа. Не ме повреди што Реал не присуствуваше, го почитувам секој избор, но велам, јас би постапил поинаку“, изјави Родри. Според него, Винисиус би бил на трето место. „Би гласал за Дани Карвахал на второто место, а потоа за Винисиус“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.