November 12, 2024 | | Свет
Освојувачот на „Златната топка“ Родри повторно ја коментираше церемонијата во Париз. Шпанецот рече дека добил честитка од само двајца поранешни играчи на „кралскиот клуб“. „Дали добив честитка од Реал? Добив пораки од Начо и Хоселу, Винисиус не ми честиташе, но не ми е ни важно. Исто така, јас не би постапил како Реал Мадрид и не би бојкотирал ваква церемонија, но веќе нема поента да се коментира на таа тема. Ако треба јас да бирам, на второто место би го ставил Дани Карвахал, а дури потоа следува Винисиус. Во мојот случај е наградена постојаноста, а тоа е нешто што е најтешко да се задржи во фудбалот. Јас не сум тој кој треба да каже дали го заслужувам признанието, мислев дека го заслужувам претходната година кога бев европски првак со Сити, но последната сезона одиграв уште подобро“, рече Родри.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |