Палмер: Не сакав да одам во Челси, ме убедија!

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Палмер: Не сакав да одам во Челси, ме убедија!

Кол Палмер отворено призна дека не сакал и не планирал да оди во Челси, но со напори на неговиот агент, тој преминал во клубот од Лондон. „Не планирав да одам во Челзи и не сакав. Агентот ме убедуваше. Се сеќавам дека во средата попладне тренирав со Манчестер сити и вестите велеа дека тие се обидуваат да преговараат за обештетувањето. Секогаш кога топката излегуваше во аут, ги прашував одговорниот за опремата и докторот дали веќе се договориле. Набрзина беше, не добив шанса на многу луѓе да им кажам дека одам. Само требаше да си ги земам работите. Тоа е реалноста во фудбалот на највисоко ниво: нема збогум, освен она што може да се каже преку текстуална порака. Испратив порака во групниот разговор и тоа беше тоа“, рече Палмер. Тој премина во Челси минатото лето од редовите на Манчестер Сити за сума од 47 милиони евра, а сезонава забележа седум гола и пет асистенции на 13 одиграни натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.