November 13, 2024 | | Свет
Со доаѓањето на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед, се очекува да започне и нова ера во клубот, но допрва ќе се види што може Португалецот да направи.
Тој ќе дебитира а 24 ноември против Ипсвич Таун во Премиер лигата. Формацијата која тој ја преферира е 3-4-3 или 3-4-2-1. Сè уште нема никакви информации за тоа дали тој ќе ги користи ваквите формации и овде, или пак би се прилагодувал на играчите кои ги има и системот би го градел на тој начин.
Ако се тргне од тоа дека формацијата која тој најмногу ја преферира е токму 3-4-3, тогаш веќе постојат одредени примери во однос на тоа како би изгледал Манчестер.
Голман ќе биде Онана, Лени Јоро кој наскоро ќе се врати од долгата повреда би бил позади заедно со Де Лихт и Лисандро Мартинез, дефанзивни играчи за врска би биле Касемиро и Угарте, а по страните Мазрауи подефанзивно и Гарначо кој инаку е класично лево крило, а веднаш позади Хојлунд би биле Амад Диало и Бруно Фернандеш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |