November 14, 2024 | | Македонија
Вечерва со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашите момци ќе ја дочекаат Летонија во претпоследниот натпревар од оваа сезона од Лигата на нации. Се очекува Македонија денеска да го потврди првото место во групата 4 од Лига Ц со што и официјално ќе обезбеди место во Лига Б за следното издание на Лигата на нации. Во четирите меѓусебни дуели со Летонија, на сите четири натпревари Македонија била победник. Последниот беше неодамна во Рига каде славевме со 3-0, иако противникот покажа цврстина и упорност. „Секој има свој план, но е фокусот е како ние ќе одиграме. Подготвени сме и сè ќе зависи од нас самите, самите одлучуваме и целта е првото место“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |