November 14, 2024 | | Свет
Пол Сколс остави длабок траг во Манчестер Јунајтед, но и генерално во Премиер лигата. Тој еднаш се пензионираше, а потоа се врати да доигра уште 18 месеци по инсистирање на Ферги. Тој призна дека било грешка што ја одиграл и сезоната 2012/13, бидејќи уште во првото коло видел дека е за пензија. „Мислев дека е крај кога првпат се повлеков од фудбалот. Сите знете што се случи, се вратив по барање на Фергусон. Првично се вратив за шест месеци, но менаџерот побара да останам уште една сезона и тоа беше грешка. Уште на првиот натпревар во последната сезона сфатив дека сум зрел за пензија, а причина беше Герет Бејл. Игравме против Тотенхем, не играв толку лошо, но не можев да направам ништо против Бејл. Тој едноставно леташе на теренот, се сеќаваме дека лесно ме мина два или три пати и знаев дека не можам да му парирам. Немав никаква шанса против него и тогаш се соочив со реалноста“, призна Сколс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |