Настапуваше за Барса и Ливерпул, а сега Јувентус не знае што да прави со него

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Настапуваше за Барса и Ливерпул, а сега Јувентус не знае што да прави со него

Кога Артур Мело пристигна во Барселона, се очекуваа големи работи од него. Тој потоа заврши во Јувентус во една богата фиктивна трампа, односно неговата вредност беше проценета на 80 милиони евра, а онаа на Пјаниќ на 70 каде Босанецот премина во Каталонија. Не се снајде во Јувентус, па беше пратен на позајмица во Ливерпул каде и таму не одигра ништо. Епилогот беше ист и во Фиорентина каде и таму беше позајмен. Во моментов тој се уште е член на Јувентус, тренерот Мота не смета на него, па Јувентус во јануари ќе мора да се потруди да му најде клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.