Ким во исто време игра фудбал и служи воен рок во Јужна Кореја

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ким во исто време игра фудбал и служи воен рок во Јужна Кореја

Ким Мин-Јае игра за Баерн Минхен, па покрај играњето фудбал, тој ги извршува обврските за воен рок кон својата земја, Јужна Кореја. Германски „Bild“ откри како Ким го прави тоа. Тој го прави тоа онлајн бидејќи веќе го завршил првиот дел кој е обврска за познатите спортисти во земјата и тој изнесува 450 часа место 18 месеци. Ким тоа го заврши играјќи за Наполи во 2023 година. Претходното лето тој поминал три недели во војска и ја заврши обуката. Сега ќе посетува и 100 часови онлајн, а тоа го прави преку видео линк. „Основната обука беше многу тешка, потоа бев во многу лоша состојба некое време иако сум силно физички подготвен“, изјавил Ким Мин-jае порано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.