Македонија одигра слабо прво полувреме против Летонија, Елмас заработи повреда

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија одигра слабо прво полувреме против Летонија, Елмас заработи повреда

Македонија и Летонија одиграа без голови во првото полувреме во рамките на петото коло во Лигата на нации. Летонија беше опасна од контра преку долги топки со кои нашата одбрана тешко се справуваше и имаше посериозни шанси. Во 17. минути Вапне имаше голема шанса да постигне гол, но за среќа биеше надвор од рамките на голот. Во 23. минута Елиф Елмас го пропушти натпреварот поради повреда и на негово место влезе Ќамили. Најголемата шанса дојде во 45. минута преку Алими кој не успеа да погоди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.