Конечно откриено зошто Тен Хаг останува во Јунајтед

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно откриено зошто Тен Хаг останува во Јунајтед

Вчера беше потврдено дека Тен Хаг останува тренер на Манчестер Јунајтед, иако управата беше во потрага по нов тренер и разговараше со тренери како Тухел, Покетино, Томас Франк, Де Зерби и Мекена. Тен Хаг е среќен поради оваа одлука. Наводно, тој немал никакви персонални проблеми со управата иако долго чекаше за да ја дознае својата судбина. Она што следува се разговори за нов договор на Тен Хаг, а управата сака да му даде тотална доверба. Она што било клучно за негово останување било неговото искуство со младите таленти, особено неговата улога во развивањето на Меино и Гарначо, а тоа е она на што новата управа сака Тен Хаг да се посвети, доверба во младите играчи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.