November 15, 2024 | | Македонија
Македонија вчера успеа да слави против Летонија со минимални 1-0, а напаѓачот Бојан Миовски изјави дека условите за игра биле тешки и дека било тешко да се пробие одбраната на Летонија. Со оваа победа, Македонија го потврди првото место во групата и се пласираше во Лига Б од Лигата на нации. „Летонија се бранеше многу добро особено во првиот дел, играше со пет дефанзивци. Тоа е многу тешко да се пробие. Теренот не ни овозможуваше да го одиграме последниот пас пред да постигнеме гол. Останавме смирени, тоа беше договор на полувремето. Потоа Серафимов го даде деби-голот. На вакви натпревари секогаш треба да имаш и малку среќа, а ние ја имавме. „Имаме три дена да се рекуперираме добро, знаеме дека заморот не важи кога сме тука. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен. Тешко беше кога игравме на гости во Торшавн, моментално секоја селекција игра фудбал. Треба да излеземе и пак да одиграме одлично, па да ги освоиме трите бода“, изјави Миовски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |