Бајчетиќ нема да игра за Србија: Се чувствувам како Шпанец

November 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бајчетиќ нема да игра за Србија: Се чувствувам како Шпанец

Србите се надеваа дека можеби големиот талент на Ливерпул Стефан Бајчетиќ ќе заигра за нив поради српските корени, но тој изјави дека решил да игра за Шпанија. „Роден сум во Шпанија, растев во Шпанија, семејството ми е во Шпанија и се чувствувам како Шпанец. Горд сум што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ. Тој е роден во Виго, а сезонава игра како позајмен играч во Салцбург.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.