November 16, 2024 | | Свет
Политиката на Манчестер Јунајтед, особено во однос на трансферите, не може да се оцени како успешна, а тоа станува јасно уште од 2015 година наваму. Кога станува збор за влез – излез на играчи во клубот, Јунајтед е во „минус“ цели 1.3 милијарди евра. Од најзначајните трансфери, 200 милиони евра беа потрошени на играчи од Ајакс. Најскапиот меѓу нив е Ентони, кој со цена од 95 милиони евра се покажа како големо промашување. Веќе сега клубот не знае што да прави со него, а агентот на Бразилецот денеска изјави дека Ентони нема намера да го напушти Олд Трафорд, и покрај неговата анонимна улога и ограничената минутажа. На второто место во ова рангирање се наоѓа Челси, со разлика во приходите и расходите од трансфери која изнесува 1.2 милијарди евра. Сепак, по доаѓањето на Тод Боели, лондонскиот клуб оствари напредок оваа сезона, а некои од младите играчи кои пристигнаа се со огромен потенцијал и можат да се покажат како добра инвестиција за иднината. На трето место е ПСЖ, чија разлика во трансферите изнесува нешто помалку од милијарда евра во минус. И покрај огромните суми потрошени на нови засилувања, Лигата на шампионите и натаму останува неостварен сон за клубот од Париз.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |