Денеска ќе бараме нови три бода, на ред се Фарски Острови

November 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Денеска ќе бараме нови три бода, на ред се Фарски Острови

Македонија денеска ги пречекува Фарските Острови со почеток од 15 часот Националната арена „Тодор Проески“ во последниот натпревар од сезоната во Лигата на нации. Нашите момци веќе го потврдија првото место и се пласираа во Б Лигата од Лигата на нации, а во игра сме и за место во баражот за пласман на СП. Низ историјата Македонија и Фарски Острови одиграле само два официјални натпревари. Минатата година на пријателски натпревар ги победивме со 1:0, додека на претходниот дуел од групата во септември ремизиравме 1:1. Селекторот Благоја Милевски за овој натпревар не може да смета само на Елиф Елмас кој во дуелот со Летонија беше заменет уште во првото полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.