November 18, 2024 | | Свет
Според информациите на весникот „Il Mattino“ (локален весник од Неапол), Манчестер Јунајтед сака да го вклучи Џошуа Зиркзе во зделката за Виктор Осимен. Освен напаѓачот, „црвените ѓаволи“ биле спремни да дадат и 30 милиони евра. Но, претседателот на наполитанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис не ја прифаќа оваа понуда и размислува да го продаде Осимен само доколку се плати целата сума. Наводно, Наполи би го продал Осимен во јануари за околу 80 милиони евра, а 75 милиони евра на крајот од актуелната сезона. Иако крајот на летото се очекуваше Осимен да заврши во Челси или во Ал Хилал, сепак пропаднаа и двете зделки. Во меѓувреме, Галатасарај настојува да го задржи Осимен и по завршувањето на оваа сезона, иако се свесни дека тоа ќе биде исклучително тешко поради високите барања на Наполи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |