November 18, 2024 | | Свет
Арсенал е сериозно заинтересиран за Луис Кампос, спортскиот директор на Пари Сен Жермен, пренесува „Sky Sports“. Откако и официјално се потврди дека сегашниот спортски директор Еду Гаспар заминува, „топџиите“ се во потрага по нов човек кој ќе го зборува истиот фудбалски јазик со Артета. Луис Кампос е познат по ловењето на млади таленти, а планот на ПСЖ е да му го продолжи договорот и да го задржи. Договорот на Португалецот со Пари Сен Жермен истекува следното лето. Пред тоа, Кампос беше спортски директор на два други клуба од француската Лига 1 – Монако и Лил. Додека беше во Монако, донесе имиња како Марсијал, Бернардо Силва, Адама Траоре, Фабињо, Томас Лемар и Мбапе, а во Лил ангажираше таленти како Рафаел Леао, Виктор Осимен и Николас Пепе.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |