Пандев: Нè чека многу работа со новото раководство на ФФМ

November 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пандев: Нè чека многу работа со новото раководство на ФФМ

Горан Пандев ќе биде дел од новата гарнитура на ФФМ и вети дека работите конечно ќе тргнат на добро. „Се гледа сонце на крајот од тунелот во ФФМ. Се радувам на оставката на Муамед Сејдини по која работите ќе тргнат на многу подобро. Масар Омерагиќ е најдоброто решение, ја сум со него во екипата и подготвен да работам за доброто на фудбалот со сето мое срце и знаење. „Тука сум за мак-фудбалот, ќе бидам дел од новата гарнитура во ФФМ и на располагање го ставам сето мое знаење и контакти за доброто на сите. Не чека многу работа, темелни промени и комплетна реорганизација во младинскиот фудбал, кажа Пандев во изјава за sportsport.mk. На момците им го честиташе успехот во Лигата на нации и рече дека тој успех треба да се надогради и потврди во квалификациите за СП кои се играат од март.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.