Ново правило на ЕП: Ако не сте капитен, нема приговор кај судијата!

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ново правило на ЕП: Ако не сте капитен, нема приговор кај судијата!

Роберто Розети, кој е прв човек на судиите во УЕФА, денеска зборуваше за новото правило кое ќе го има на Европското првенство а кое вели дека секој играч кој не е капитен на националниот тим ќе добие жолт картон доколку му пријде на судијата барајќи објаснување за негова одлука и/или протестира до судијата. Со судијата ќе може да комуницира само капитенот и ниту еден друг фудбалер. Ако играчот кој не е капитен продолжи да го прекршува правилото и упорно разговара со судијата, тогаш капитенот добива жолт картон поради несоодветна организација на однесувањето на неговиот тим. Ако пак на пример капитен е голманот, тогаш доколку се донесе контроверзна одлука далеку од голот, ќе има еден играч овластен од капитенот да комуницира со судијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.