Падна договор: Гвардиола останува во Сити до 2026 година!

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Падна договор: Гвардиола останува во Сити до 2026 година!

Манчестер Сити се договори со Пеп Гвардиола за продолжување на договорот до 2026 година со опција за продолжување за уште сезона. Неговиот договор истекуваше во јуни 2025 година, а со потпишување на новиот договор, тоа ќе значи дека тој ќе биде на клупата на Сити вкупно 10 години. Официјална потврда се очекува во наредните неколку дена, а претходно беше сугерирано дека тој би можел да замине заедно со Чики Бегиристан, директорот на фудбал во клубот кој заминува крајот на сезоната. Со Сити досега освои дури 18 трофеи вклучувајќи шест трофеи во Премиер лигата, како и една Лига на шампиони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.