November 20, 2024 | | Македонија
„Комити“ ја одржа првата прес-конференција додека се чека новиот сопственик, Атила Бижен Жалили. Пред медиумите денес зборуваше нивниот фронтмен изминативе години Милорад Миленковски. „Согласно нашата транспарентност сакавме јавно да излеземе и да презентираме како стојат работите. Сакавме тука да се присутни новиот Извршен директор и сите од одборот директори, затоа што станува збор за „клуб на народот“ и сакаме така да остане. Би било во ред и господинот Атила Бижен Жалили кога се уште не сме го виделе да се појави во јавноста и објасни какви се плановите со клубот. Како и да е ние сме тука како бранители и искрени поддржувачи на Вардар. Средба со владата имавме на 10 јуни и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да им ги предадеме акциите. Инсистираа Миленко Неделковски да биде Извршен директор. Прво не прифативме, но на 3 јули бевме принудени да му пружиме рака на Миленко и постигнавме договор да задржиме 15% од акциите за да реагираме ако следи лош тек на настаните. Договорот со Атила Жалили се завери на 10 октомвори и на 11 ноември како што Миленко милува да каже во 11 часот и 11 минути се одржани Собрание на кое се потврдија промените. Еден извршен член е поставен од Атила Жилали и тоа е Миленко Неделковски, тука се уште три неизвршени членови од нивна страна и еден неизвршен чле нод наша страна. За неизвршни членови на Одборот на директори на Вардар се избрани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстоски Илиоски, а за неизвршен член од наша страна е предложен и избран Мартин Гелев. Немаме стереотипи кон одредени луѓе, само кажавме дека Миленко не е достоен да биде во Вардар, нашиот став е дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира работите во спортот. владата се појави и ни даде гарант дека работите ќе бидат во ред. Претставник на Владата во разговорите беше Владимир неловски и во тие разговори јасно ни беше кажано: Или Миленко ќе биде во Вардар или клубот нема да постои. Знаевме дека немаме некои силни преговарачки опции и единствено што можевме е да прифатиме. „Не сме изиграни, членството секогаш било запознаено, нашата мака беше дека не можеме да го издржиме финансиски да го водиме клубот. И токму поради тоа се согласивме на тие некои услови, затоа што даваме шанса на таа опција бидејќи немаме алтернатива. Да, и веруваме на гарантот од Владата, но ние сме секогаш со клубот и таа доверба сигурно нема да трае вечно“, рече Миленковски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |