November 21, 2024 | | Свет
Скоро па сигурно Флоријан Вирц ќе го напушти Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната, а ќе замине и Чаби Алонсо. Најголем интерес за него покажуваат Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ. Но, според Маркус Бабел во моментов баварците немаат доволно средства за да реализираат ваква операција. „Мислам дека Баерн не може да го донесе. Мислам дека целокупната трансферна сума и пакетот плата се огромни и за Баерн. Следното лето само ПСЖ и Реал Мадрид можат да го донесат. Можам да замислам сценарио Флоријан Вирц да остане во Леверкузен до Светското првенство во 2026 година и тогаш Баерн сигурно ќе има шанса бидејќи тогаш ќе зборуваме за значително понизок трансфер од 80-90 милиони евра“, изјави Бабел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |